Трите најважни минерали за функцијата на тироидната жлезда, а ова се намирниците кои ги содржат

11431 Shutterstock 241669012 F.jpg

За оптимално функционирање на тироидната жлезда важни се цинкот, селенот и јодот. Јодот е минерал кој е потребен за производство на сите тироидни хормони.

Јод

Јодот е неопходен и незаменлив за функционирањето на тироидната жлезда, а можеме да го најдеме во кујнската сол, морските плодови и алгите.

Селен

Освен јод, за функцијата на тироидната жлезда важен е и минералот селен. Селенот е од суштинско значење за работата на ензимот кој го зема хормонот Т4 и го претвора во активна форма на Т3.

Луѓето кои имаат недостиг на селен во организмот можат да ги почувствуваат симптомите на хипотироидизам, односно последиците од намалената работа на тироидната жлезда и покрај тоа што вредностите на хормоните Т3 и Т4 се во нормални граници.

Најдобрите извори на селен се бразилските ореви, а селенот може да се најде и во квасецот, интегралните житарки и морските плодови. Само еден бразилски орев може да исполни повеќе од 100 проценти од препорачаната дневна доза на селен.

Цинк

Списокот на минерали корисни за тироидната жлезда вклучува цинк. Цинкот е важен за правилното функционирање на тироидните хормони, а особено е корисен во клетките каде што тироидните хормони ја вршат својата активност.

Храна богата со цинк се семките од тиква, месото и морските плодови. Недостигот на цинк во телото може да се појави кај пушачи, дијабетичари, трудници, а зголемена потреба од овој минерал имаат и спортистите.

Related posts

Женското жири на Канскиот фестивал се надева на крај на родовата дебата

CityLife

(ВИДЕО) Децата на Берлускони продаваат дел од неговиот имот, на списокот над 100 вили

CityLife

Ќерката на Мајкл Џексон израсна во вистинска убавица

CityLife