Тејлор Свифт објасни зошто нема фотографии од нјзината мачка: Mногу e приватна

Хитмејкерката одговори на загриженоста на фановите дека нејзината мачка Мередит Греј повеќе ја нема во објавите на социјалните мрежи, инсистирајќи на тоа дека сè е во ред со нејзиното милениче.

„Мередит Греј е многу приватна мачка, не сака да ја сликаат,“ вели Тејлор Свифт во видеото што го сподели на Инстаграм со цел да ги смири фановите кои беа загрижени за миленичето на музичката ѕвезда. Таа лежи покрај мачорот Бенџамин, братот на Мередит, додека им се обраќа на фановите.

„Мојата мачка сака нејзиниот живот да го задржи за себе, не сака фотоапарат близу до лицето, и кој може да ја обвини? “ се пошегува Тејлор.

 

Тејлор има три мачки – Оливија Бенсон, Мередит Греј и Бенџамин Батон – и многу ги сака затоа што се „независни и способни да се занимаваат со сопствениот живот“, како што вели таа.

„Тие се навистина прекрасни. Многу се достоинствени,“ изјави Тејлор во една прилика.

Related posts

Венчаницата на принцезата Дијана ќе биде изложена во палатата Кенсингтон

CityLife

Повеќе луѓе го следеа погребот на принцот Филип отколку венчавката на Хари и Меган

CityLife

Принцот Хари разговарал со Вилијам и Чарлс

CityLife