Тесла го стопира производството во Германија поради прекини во транспортот на Црвеното Море

D0b4d0b2d0b5 D0bbd0b8d186d0b0 D0b7d0b0d0b3d0b8d0bdd0b0d0b0 D0b2d0be D181d182d180d0b0d0b2d0b8d187d0bdd0b0 D0bdd0b5d181d180d0b5d19cd0b0 63dac974cd520.jpeg

Производителот на автомобили Тесла во голема мера го запре производството во својата фабрика кај Берлин на околу две недели поради прекини во синџирот на снабдување предизвикани од нападите на бродовите во Црвеното Море, потврди денеска компанијата.

Нападите на милитантите Хути од Јемен на главната поморска рута што води до Суецкиот канал ги натераа големите бродски фирми да ја избегнуваат областа и да користат алтернативни бродски рути, кои генерално се многу подолги.

Коридорот е важна трговска врска меѓу Европа и големи делови од Азија.

„Поради недостиг на компоненти, принудени сме да го прекинеме производството на возила во Гигафактори Берлин-Бранденбург (Gigafactory Berlin-Brandenburg) помеѓу 29 јануари и 11 февруари, со исклучок на неколку подобласти“, објави компанијата.

Производството во фабриката, во берлинското предградие Грунхајде, ќе продолжи целосно на 12 февруари, соопшти компанијата

Тесла не откри детали за компонентите што недостасуваат.

Од избувнувањето на војната во Појасот Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, милитантите Хути поддржани од Иран почнаа да напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море, наводно поврзани со Израел, како знак на поддршка за Хамас.

Related posts

Real tribute – Симфониски концерт на Тина Тарнер на 1 јуни во Скопје

CityLife

Братот на принцезата Дијана за Кејт Мидлтон: Загрижен сум што се случило

CityLife

Том Круз за прв пат во филм на Тарантино

CityLife