Стивен Сигал се приклучи на про-Кремељ партија, предлага поостри закони

20210601 Seagal Reuters.jpg

Холивудскиот актер Стивен Сигал, долгогодишен обожавател на рускиот претседател Владимир Путин, се зачлени во про-Кремељ партија, соопшти партијата во неделата.

Сигал во саботата доби партиска книшка за членство во алијансата „Праведна Русија – Патриоти – За вистината“, според видеозапис објавен од партијата.

Алијансата беше формирана на почетокот на оваа година, кога три левичарски партии, сите поддржувачи на Путин, се споија во една.

Сигал, руски државјанин од 2016 година, предложи сузбивање на деловните активности што ја нарушуваат животната средина.

„Без да можеме да апсиме луѓе, кога само ги казнуваме, тие веројатно заработуваат повеќе од производството на работи што ја уништуваат животната средина“, рече тој во својот поздравен говор на партиски настан.
Партијата контролира фракција во долниот дом на рускиот парламент и планира да учествува на парламентарните избори во септември.

Сигал, боречки уметник роден во САД, е најпознат по продукција и глума во акциони филмови, додека Путин, кој му го додели државјанството, е љубител на боречки вештини.

Сигал, кој покрај рукото го задржа и американското државјанство, важи за пријател на Путин и е еден од малкуте западни актери и спортисти кои за време на неговиот мандат добија руско државјанство.

Related posts

Најфреквентниот пешачки премин во светот: Во еден „зелен бран“ поминуваат до 2.500 луѓе

CityLife

Исхраната богата со растителни влакна може да помогне против артритис

CityLife

Стотици подводни артефакти пронајдени во брод потонат во Арктикот пред 180 години

CityLife