Спајс Грлс повторно заедно: Мел Би откри дека планираат изненадување

Standard Compressed 19970213 548579 3 1414x1026ma.jpg

Групата сакани девојки оваа година слави 30 години од своето основање, а Мелани Браун – познат како Мел Б – откри во “The Jennifer Hudson Show” дека нивните обожаватели можат да очекуваат неколку изненадувања.

Спајс грлс без Викторија Бекам ја започнаа својата турнеја во Даблин.

-Едноставно не можам да молчам. Постојано ме обвинуваат што објавувам работи кои не треба да ги објавам – откри таа. – Но, она што можам да го кажам е дека дефинитивно работиме на нешто заедно – ние петмината – рече таа.

Мел Би зборуваше и за добрите односи меѓу членовите на групата – во која се Мел Си, Ема Бантон, Гери Халивел и Викторија Бекам.

-Неверојатно е што успеавме да останеме пријатели. Поминаа 30 години. Мислам дека она што го поминувате како група… ве врзува за цел живот бидејќи сте поминале низ такво лудо искуство – објаснила таа.

Последен пат сите пет членови на бендот Спајс Грлс настапија заедно на Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година, пренесува АБЦ њуз.

Related posts

Вилијам и Кејт трогнати од поддршката на луѓето ширум светот

CityLife

Ким Кардашијан сподели нов семеен портрет без Канје

CityLife

Дали шишањето го забрзува растот на косата?

CityLife