Софи Тарнер навестува дека е бисексуалка

20210604 Sophietuner Ig.jpg

Sвездата на „Игра на тронови“ се огласи на својот Инстаграм-профил за да го прослави почетокот на Месецот на гордоста овој јуни и ја искористи објавата за навидум да се покаже како бисексуалка.

Софи, која е во брак со Џо Џонас, напиша: „Ова е месец на гордоста, бејби.“ Покрај текстот, таа додаде серија стикери, од кои едниот е срце во боите на знамето на бисексуалната гордост.

Слични стикери со боите на знамето на ЛГБТК +, геј-гордост, виножито и лик што вози велосипед заедно со фразата „движете се, јас сум геј“, и последниот кој гласи: „Времето не е стрејт, ниту сум јас“.

Таблоидите веднаш почнаа да коментираат дека таа сака да открие нешто ново за неа со помош на стикери.

Related posts

Лејди Гага, Глен Клоуз им се придружија на принцот Хари и Опра во ТВ-серија за ментално здравје

CityLife

Дејвид Бекам и „Дизни плус“ во заеднички проект „Спаси го нашиот тим“

CityLife

Софија Вергара и Хајди Клум во лежерно издание за судиските должности во „Америка има талент“

CityLife