Совети за гумите за зимските утра

Winter Tires.jpg

Возачите зиме честопати се соочуваат со пречки во покренувањето на возилото наутро, поради „заглавени гуми“ коишто „шлајфуваат“. А, многупати, дури ни зимските гуми не го решаваат проблемот. Следат неколку совети околу тоа.

Пред сѐ, ако тркалата се заглавени, со сила не бидува ништо. Советот гласи: Се почнува прво со втора брзина, наместо прва. Потоа, може да помогне и нишање на автомобилот напред – назад користејќи ги и квачилото и педалата за гасот наизменично, пишува „Сити магазин“ (City Magazine).

Ако и тоа не успее, тогаш возачот треба да излезе од возилото и да го исчисти снегот околу тркалата и евентуално од издувната цевка. Доколку има мраз под тркалата, тој се крши полека, со тврд или остар предмет, внимавајќи на гумите.

Натаму, ако возилото има режими на возење, се избира оној „за снег / лизгаво“.

Последниот совет гласи: Поставете патосница веднаш пред погонските тркала – каква било подлога што не се лизга – нешто што ќе обезбеди подобра влечна сила под тркалата.

Related posts

Најголемата супер јахта во светот станува реалност: Ќе има 39 апартмани по цена од над 11 милиони долари

CityLife

Објавен трејлерот за новиот филм на Џеј Ло, се појавува и Бен Афлек

CityLife

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

CityLife