Скарлет Јохансон не може да чита сцени со сопругот Колин Џост бидејќи тој не сака

20210628 Scarlettjohansson Ig.jpg

Скарлет Јохансон откри дека не е во можност да ги чита сцените од филмовите со нејзиниот сопруг бидејќи тој не сака да си го расипе сопственото уживање во филмовите на Скарлет.

Sвездата на „Црната вдовица“ се омажи за својот свршеник, комичарот Колин Џост во октомври минатата година на интимна церемонија почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот.

36-годишната актерка изјави за подкастот со Џулија Канингам: „Тој не сака никакв вежбање на моите улоги, сака да ги гледа моите филмови без спојлери, па затоа не можам да му кажам ништо.“

Холивудската sвезда се присети на снимањето на „Црната вдовица“ во Лондон, бидејќи Колин во исто време го снимал „Том и Џери“ во градот. „Беше супер затоа што долго време бевме заедно во ист град, што е ретко,“ рече таа.

Колин секогаш сака да знае колку време неговата сопруга е на снимање.

Скарлет објасни: „Секако дека тој сака да знае како ми поминал денот, но штом ќе му кажев: Можеш ли да ја прочиташ сцената со мене?, тој одбиваше.

Скарлет за последен пат ја игра улогата на Црната вдовица во филмот на „Марвел“ и смета дека сега е соодветно да се збогува со ликот.

Related posts

Зошто треба да јадете ореви !?

CityLife

Џенифер Лопез го носи вереничкиот прстен од Родригез во нова реклама за „Џеј Ло бјути“

CityLife

Шведска ќе забрани девојчиња да можат да купуваат антиејџинг препарати

CityLife