Симптоми кои укажуваат дека имате алергија на храна

Img 2142.jpeg

Доколку често имате чудни физички реакции по консумирање одредена храна, тогаш најверојатно сте алергични на истата, а немате поим за тоа. Пред се, треба да научите да правите разлика помеѓу алергија и интолеранција на храна. Додека интолеранцијата подразбира дека системот за варење не може да свари одредени намирници, алергијата предизвикува различни реакции на имунолошкиот систем. Најефикасен начин за да откриете дали ,,страдате,, од алергија на некој вид храна е да направите тест на доктор, иако голем број имаат лесни алергиски реакции, кои не им претставуваат посебен проблем и одењето на доктор им е последно нешто што им паѓа на памет. А голем број луѓе не се ни свесни дека одредени реакции на нашето тело имаат врска со храната која не им одговара, поточно на онаа на која се алергични. Воглавно ова се симптомите кои укажуваат на алергија:

Отежнато дишење

Ако непосредно по консумирањето на одредено јадење тешко дишете (а притоа не сте се прејале), одвај доаѓате до воздух и ви се стега грлото, тоа може да значи дека имате проблем со алергија.

Црвенило или осип
Ова се најпознати симптоми на алергиски реакција. Се јавуваат ,,осамено,, иако можат да бидат проследени и со пецкање, чешање и неудобност.

Проблеми со голтањето

Овој симптом може да биде и знак на најтежок облик на алергиска реакција, па затоа е неопходно е да побарате помош од доктор.

Чешање во устата или околу усните

Ако по консумирањето на одредена намирница се соочувате со ненадејно чешање околу устатата и во самата уста, најверојатно се работи за алергиска реакција. Овој симптом секогаш се јавува веднаш по или дури и за време на консумирањето на храна.

Кивање и чешање на очите

Доколку чешањето и иритацијата на очите се јавува непосредно по консумирање на храната, секако е можно да се работи за алергиска реакција.

Срцебиење

Ова не е карактеристичен симптом за алергиска реакција, но може да се случи да биде ако ви се повторува само додека седите и јадете одредена храна.

Сепак, дали алергија на одредена храна ќе се јави и во каков облик, зависи од наследните причинители, полот и видот на намирница. Наследството има важна улога, бидејќи е утврдено дека 65% од децата стануваат алергични ако и двата родители се алергични, а 35% ако е само едниот родител. Староста и полот имаат помало значење, така што алергијата на храна е подеднакво честа и кај децата и кај возрасните и тоа кај двата пола во иста мерка е изразено.

Секоја намирница во одредени услови може да делува како алерген, но извесни намирници се многу почеста причина за алергии (зрнеста храна, брашно, млеко, јајца). Покрај овие намирници, значајна улога во предизвикување на алергиите имаат и компирите, портокалите, кафето, рибата, чокаладите, јагодите и малините.

Една иста намирница може да делува алергогено, било да е термички обработена, било да е сушена, било да е сува, или пак, во една состојба може да биде алергогена, додека во друга не мора. На пример, варена риба или зелка често доведуваат до алергии отколку ако се подготвени на друг начин, или сувото грозје често предизвикува алергија отколку свежото грозје.

Количината на алергогена храна, како и брзината а внесување на храната влијаат на појавата и тежината на алергиите. Ако алергената храна се изеде набрзина, во текот на 5 минути, алергиските промени се потешки отколку ако истата таа храна се јаде во текот на 45 минути. Тоа значи дека алергените можат да се јават по 10 – 30 минути или 3 – 4 часа од консумирањето на храната – т.н. рана реакција на организмот, или по 5 часа до 5 дена – позната како задоцнета реакција.

Related posts

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

CityLife

Риз Ахмед горд што е првиот муслиман номиниран за „Оскар“

CityLife

На кров во Лондон, хорот на Кралската опера со уникатна изведба

CityLife