Сварете лушпи од лук во вода и пијте ја течноста на секои 4 часа: Еве за што сè помага овој моќен напиток

Garlic 1605025337

Добро е познато дека лукот е одличен за здравјето, но подеднакво корисни се и неговите лушпи, доколку правилно се искористат.
Тие можат да помогнат кај разни заболувања на кожата, а силно делуваат и против алергии и одредени здравствени состојби.

Сè што е потребно е да ги чувате лушпите од лукот, а најдобро е да ги чувате во стаклена тегла. Напитокот кој се подготвува од нив се пие 4 пати дневно во рок од еден месец, а ефектот е одличен.
Како се подготвува вода од лушпи од лук?

Потребна ви е една шака лушпи од лук. Ставете еден литар вода да зоврие, па тргнете ја од оган. Почекајте неколку минути да се излади, а потоа ставете ги лушпите во неа и оставете да отстојат 6 до 8 часа. Не го консумирајте овој напиток додека е врел или топол, тој мора да биде целосно ладен.
Во текот на еден ден испијте 4 чаши од оваа вода во рок од еден месец. Вашата кожа ќе стане поблескава, а болките ќе исчезнат.

Кои лековити супстанци ги содржат лушпите од лук?
Лушпите од лук содржат кверцетин кој д-р Аткинс го смета за најдобар антихистамин и го препишувал на своите пациенти заболени од разни облици на алергија.
Исто така, голем број доктори ја препорачува оваа суптанца како средство за превенција на кардиоваскуларни болести. Луѓето кои внесуваат поголеми количини на кверцетин во организмот се во многу помал ризик од појава на срцев и мозочен удар како и создавање на крвни згрутчувања.

Related posts

Секој пациент кој имал ковид не треба да има секс две до три недели – одморот е клучен при оздравувањето

CityLife

Знаци кои откриваат дека не се движите доволно

CityLife

Ладните раце и стапала може да се предзнак за сериозни болести

CityLife