Роденден без принцот Филип: Кралицата Елизабета наполни 95 години

Urn Newsml Dpa Com 20090101 210420 99 281419 Large 4 3 Jpg.jpg

Кралицата Елизабета Втора денес наполни 95 години, помалку од две недели откако почина нејзиниот сопруг, принцот Филип, со кого беше во брак 73 години.

Загубата на кралицата беше потенцирана на погребот во саботата во капелата Сент Џорџ во близина на замокот Виндзор, каде што ликот на вдовица во црно која седи сама, беше всушност вовед во следната осамена фаза од нејзиното владеење.

Засега, монархот со најдолг стаж во британската историја продолжува да владее. Но, тоа ќе го стори без Филип, човекот за кого кралицата велеше дека ѝ дава сила и е извор на емоционална поддршка во нејзината често осамена работа.

Премиерот Борис Џонсон ѝ испрати срдечна честитка со искрени желби на нејзиниот роденден. „Отсекогаш и највеќе ѝ се одушевував на нејзиното височество и на нејзината служба кон оваа земја и Комонвелтот. Јас сум горд што сум нејзин премиер“, напиша тој на Твитер.

Елизабета беше официјално крунисана на 2 јуни 1953 година на 25-годишна возраст, откако нејзиниот татко Џорџ Шести почина ненадејно во 1952 година.

Related posts

Не ја фрлајте течноста од овој производ, таа е многу корисна за различни намени

CityLife

Намирници што не треба да се подгреваат во микробранова печка

CityLife

(Видео) Наоми Осака ги охрабрува девојките да прифатат дека се поинакви

CityLife