Расел Кроу се придружува на тимот на „Тор: Љубов и молња“

Веќе пополнетата екипа од претстојниот филм „Тор: Љубов и молња“ стана уште поголема откако е потврдено дека Расел Кроу се приклучува на филмот за суперхерои.

56-годишниот оскаровец ќе глуми во најновата офанзива на Марвеловите јунаци, продолжение на „Тор: Рагнарок“ во неоткриена улога, објави „Дедлајн“ во понеделникот.

Фановите на филмскиот унверзум на „Марвел“ веќе претпоставуваа дека актерот може да се најде во новиот филм за моќниот Тор откако беше виден како се дружи со Крис Хемсворт и со други членови на актерската екипа на рагби натпревар во Сиднеј, Австралија.

Related posts

Зошто реагираме бурно кога не сме наспани?

CityLife

Еве како да се ослободите од подочници

CityLife

Милијардер сака да го изгради „Титаник II“: „Ќе плови по истиот пат како и оригиналниот брод“

CityLife