Раперот Ди-ем-икс во болница, претрпел срцев удар

Раперот Ди-ем-икс е во тешка состојба во болница, изјави долгогодишниот адвокат на уметникот.

„Имаше срцев удар. Тој е прилично болен “, соопшти Ричман во саботата.

Тој додаде дека не може да ги потврди извештаите дека Ерл Симонс, чие уметничко име е Ди-ем-икс, се предозирал со дрога и дека не е сигурен што го предизвикало срцевиот удар.

“Јас сум многу тажен, бескрајно тажен. Тој ми е како син”, рече Ричман.

„Тој е прекрасна личност, голем забавувач, прекрасно човечко суштество. И има толку многу да понуди, толку многу да каже.“

Публикациите за селебрити-личности, „ТМЗ“ и „Билборд“ објавија дека срцевиот удар е резултат на предозирање со дрога.

Related posts

Новиот албум на Били Ајлиш излегува на крајот на јули

CityLife

Хари и Меган се приклучуваат на хуманитарен концерт за правилна распределба на вакцини

CityLife

Кинескиот боксофис со заработка од 3 милијарди долари за четири месеци го надмина американскиот за цела 2020 година

CityLife