Пoчина познатиот српски пејач Предраг Живковиќ Тозовац

Легендарниот фолк-пејач Предраг Живковиќ Тозовац почина од последици на коронавирусот на 86-годишна возраст.

На 5 март Тозовац бил примен во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“ во Белград со потврден коронавирус и пневмонија.

Пејачот бил приклучен на кислород, а во болница бил примен во сериозна, но стабилна состојба. За жал,  Тозовац  не успеа да го победи коронавирусот.

Тозовац е роден во Кралево во 1936 година, од татко Светозар Тоза Живковиќ, по кого го добил прекарот, и мајката Будимка. Во октомври 2012 година тој доби диплома за заслужен граѓанин на градот Кралево.

Многумина го сметаат за најголем господин на српската народна музика, а неговите песни и денес се неизбежен репертоар на сите прослави и свечености, како што се „Ти си ме чекала“, „Очи једне жене“, „Јесен у мом сокаку“, „Лено, Лено Магдалено“ и други.

На почетокот на 2021 година славниот пејач се ожени со својата животна сопатничка Емилија Мима, по 40 години љубов и заеднички живот.

Related posts

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат по 27 години брак

CityLife

(Видео) Шерон Стоун облече маица со провокативната сцена од „Ниски страсти“

CityLife

Скарлет Јохансон се надева дека „Црната вдовица“ ќе понуди расплет за фановите на Марвел

CityLife