Пријавете се на првиот натпревар во рачно косење трева во Делчево

20260723142756 big 730x400 82.webp.webp

Општина Делчево го организира првиот натпревар во косење трева со рачна коса кој ќе се одржи на 4 август, вторник, во Делчево на локација која дополнително ќе биде објавена.

Целта на настанот е да се избере највештиот косач на трева и да се зачува и промовира традиционалниот начин на косење, да се негуваат старите занаети и да се поттикне дружење и натпреварувачки дух.

Право на учество имаат сите полнолетни лица кои поседуваат вештини за косење со рачна коса и ќе се придржуваат кон следните правила на натпреварот:

  • Секој натпреварувач настапува со своја рачна коса,
  • Натпреварот ќе се одвива според однапред утврдени правила и временски ограничувања,
  • Стручна комисија ќе ги оценува брзината, квалитетот и уредноста на косењето.

За најдобриот косач е обезбедена награда: Прво место – рачна коса. Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 31 јули.

Ги повикуваме сите љубители на традицијата да бидат дел од овој настан и заедно да придонесеме за зачувување на македонското културно наследство.

Јавниот повик и Пријавата за учество можете да го најдете на следниот линк

Related posts

Турчин открил таен пат од својата куќа до најпознатото подземно засолниште во Мала Азија

CityLife

Студените раце може да бидат симптом на сериозна здравствена состојба

CityLife

Фановите загрижени за Мадона поради бројните естетски зафати: Мислев дека е вонземјанин

CityLife