Принцот Хари нема да врши притисок врз своите деца

Принцот Хари откри дека на своите деца нема да им пренесе некоја сопствена болка или страдање.

Војводата од Сасекс, кој има двегодишен син Арчи и ќерка на пат со неговата сопруга Меган, сака да се осигура дека „ќе го прекине циклусот “ со тоа што нема да ги врши истите притисоци врз своите деца со кој се соочувал кога бил мал.

Хари сугерира дека неговиот татко, принцот Чарлс, можеби му пренел болка или страдање по смртта на принцезата Дајана во 1997 година, но дека ќе се потруди да не го стори истото со своите деца.

Во текот на настапот на подкастот Armchair Expert на холивудскиот актер Дакс Шепард, војводата од Сасекс рече: „Нема вина. Не мислам дека треба да покажуваме со прст или да обвинуваме никого.“

„Но, секако кога станува збор за родителството, ако сум доживеал некаква форма на болка или страдање поради болка што можеби ја претрпеле татко ми или моите родители, ќе се погрижам да го прекинам тој циклус.“

„Како и да е, генетската болка може да се пренесе, па ние како родители треба да направиме максимум што можеме, и да се обидеме да кажеме „тоа што ми се случи мене, ќе се погрижам да не ти се случи тебе “.

Related posts

Четири причини зошто треба редовно да јадеме карфиол

CityLife

Џесика Симпсон живеела повлечено по критиките за телото

CityLife

БЕТ-награди 2021: Карди Би го украде шоуто откривајќи дека е бремена

CityLife