Принцот Хари зад камера на снимањето на новата серија на Нетфликс

1 2.webp.webp

Војводата од Сасекс (39) беше забележан во Националниот поло центар во Велингтон, Флорида, со филмска екипа која снимаше за еден од неговите проекти кои неодамна беа најавни, а кои со Меган Маркл ги подготвуваат за Нетфликс.

Претходно оваа недела, Арчивел Продукција на двојката откри дека имаат две нови серии на Нетфликс во „раните фази“ на продукција како дел од повеќегодишниот договор. Едното шоу „ќе им обезбеди на гледачите невиден пристап до светот на професионалното поло“, а другото „ќе ги слави радостите на готвењето и градинарството, забавата и пријателството“, се вели во соопштението за печатот.

Војводата од Сасекс во саботата беше забележан зад сцената заедно со филмската екипа додека снимаа четвртфинален натпревар на УС Опен.

Додека Меган не присуствуваше на поло настанот во Националниот поло центар во саботата, таа беше видена во поло клубот Гранд шампиони во Велингтон еден ден претходно заедно со нејзината долгогодишна пријателка Серена Вилијамс (42), додека Хари се натпреваруваше.

Снимањето за поло серијата се одвиваше и на петочниот настан. Двојката не планира да бидат ѕвезди на шоуто.

И насловите на сериите на Нетфликс и датумите на објавување сè уште се непознати.

Принцот Хари и Меган потпишаа договор Нетфликс во 2020 година откако се преселија во Калифорнија.

Related posts

Џенифер Лопез паузира среде напорно снимање на новиот филм

CityLife

Двејн Џонсон би се кандидирал за претседател ако народот го сака

CityLife

Хали Бери сподели ретка фотографија од ќерката и синот

CityLife