Британските медиуми ги пренесуваат кралските почести што го одбележаа вториот роденден на Арчи и потсетуваат дека синот на војводата и војвотката од Сасекс со седиште во Монтесито ќе стане постар брат ова лето.
Арчи Маунтбатен-Виндзор во четвртокот (6 Мај) наполни две години.
И додека родителите на малиот Арчи го славеа овој посебен ден, пристигнаа бројни кралските почести од другата страна на океанот. Кралицата, Кларенс Хаус, војводата и војвотката од Кембриџ и други членови на монархијата споделија роденденски желби на социјалните мрежи заедно со емотивни семејни фотографии – главно направени непосредно по неговото раѓање кога двојката живееше во Велика Британија.
По стапките на кралицата и на таткото на принцот Хари, кои први го честитаа роденденот преку кралскиот профил на Твитер, така и принцот Вилијам и Кејт, војводата и војвотката од Кембриџ, споделија честитка и фотографија – семеен портрет направен при неговото крштевање со присутните војводата и војвотката од Корнвол, и мајката на Меган, Дорија Рагланд.
Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор е роден на 6 мај 2019 година во болницата Портланд во Лондон. Тој во моментов е седми во редот за тронот зад неговиот татко Хари.