По четири години – нов соло сингл на Ед Ширан

001640d6 800.jpg

Пејачот и текстописец Ед Ширан го најави својот прв соло сингл во последниве четири години, насловен Bad Habits („Лоши навики“).

30-годишниот Британец од врвот на топлистит сподели дел од песната и го потврди нејзиното издавање на 25 јуни преку „Атлантик рекордс“.

Ова ќе биде првпат Ширан да издаде сингл во кој нема соработник од Happier, нумера oд албумот Divide од 2017 година.

„Работев во студио во последниве месеци и едвај чекам да ја слушнете Bad Habits,“ рече тој.

Ширан реши да се одмори од музиката откако во август ја пречека ќерката Лира Антарктика Сиборн Ширан.

Тој во јули 2019 година објави Проект соработки бр. 6, во кој учествуваа неколку колеги уметници меѓу кои Џастин Бибер, Камила Кабело и Тревис Скот.

Related posts

Остатоци од Велигден: Колку долго смеете да ја чувате храната

CityLife

Четирите најлоши утрински пијалоци кои предизвикуваат надуеност

CityLife

Симптомите кои укажуваат дека ви недостасува магнезиум и 5 природни начини за надополнување на овој важен минерал

CityLife