Почина актерот Чарлс Гродин

118565158 charlesgrobin.jpg

Чарлс Гродин, американски актер чии комични улоги во филмови како „Полноќно трчање“ и „Бетовен“ измамуваа насмевки на лицата со децении, почина на 86-годишна возраст.

Гродин почина во својот дом во Вилтон во сојузната држава Конектикат во вторникот, објави весникот „Њујорк тајмс“.

Синот на актерот, Николас, изјави за весникот дека причина за смртта е рак на коскена срж.

Познат по својата духовитост, Гродин беше омилен лик во холивудските комедии, емисии и ток-шоуа во ударни термини.

Многу негови колеги се огласија на социјалните мрежи за да му оддадат почит, меѓу кои и актерот Стив Мартин, кој го опиша Гродин како „еден од најсмешните луѓе што некогаш ги сретнал“.

Related posts

Луѓето кои ја имаат оваа крвна група се посебни, имаат дарба која никој друг ја нема

CityLife

Има решение за стравот од летање и турбуленции во авионот: Проверете на апликацијата

CityLife

Кој е Дедо Мраз?

CityLife