Полицијата уапси натрапник пред куќата на Тејлор Свифт

Еден човек е уапсен по обид за упад во куќата на поп-ѕвездата Тејлор Свифт во Менхетен, Њујорк.

Хенкс Џонсон (52) бил приведен во саботата вечерта, откако анонимен повикувач пријавил на 911 дека натрапникот влегол на имотот, соопшти полицијата.

Џонсон е обвинет за бесправно влегување на туѓ имот. Тој бил ослободен без кауција во неделата вечерта, додаваат од полицијата.

Свифт во минатото ја измачуваа морбидни демначи, двајца од нив се обидоа насилно да влезат во нејзиниот дом.

Во 2018 година, ѕвездата издејствува судска мерка забрана за пристап против маж кој се обиде да влезе во нејзиниот дом вооружен со нож.  Друг човек исто така доби судска забрана таа година, откако испрати писма во кои се закануваше дека ќе ја силува и ќе ја убие.

Related posts

(ВИДЕО) Бред Пит и Пенелопе Круз снимија кампања за Шанел

CityLife

Маск назначува нови менаџери за да ја направат платформата „X“ побезбедна

CityLife

Патрик Демпси го коментира враќањето во „Вовед во анатомија“

CityLife