Пирс Морган: Меган Маркл продолжува да ја експлоатира кралската титула

Поранешниот водител на „Добро утро, Британија“ Пирс Морган повторно вeрбално ја нaпадна војвотката од Сасекс Меган Маркл за користење на кралската титула војвотка од Сасекс во нејзината книга The Bench („Клупата“).

Морган (56) е гласен критичар на Меган и нејзиниот сопруг принцот Хари, војводата од Сасекс, откако минатата година донесоа одлука да се повлечат од должностите како високи членови на кралското семејство.

Во неговата најнова колумна за „Мејл онлјн“, Пирс продолжува со своите критики кон војвотката, сега не му се допаѓа што таа ја користи кралската титула во нејзиниот најнов потфат – книга за деца на чија корица стои името на авторот Меган, војвотка од Сасекс.

„Кога станува збор за камшикување со нејзината книга, кое име на автор го користи Меган Маркл?“ пишува тој во својата колумна. „Ах, секако: Меган, војвотката од Сасекс.“

„Да, таа продолжува цинично да ги експлоатира своите кралски титули затоа што знае дека тоа е единствената причина што некој ѝ плаќа огромни суми пари за да го публикува нејзиниот бренд на побожни измислици во документарци на Нетфликс, објави на Спотифај или детски книги.“

„Се разбира, на нејзините подеднакво цинични издавачи не им е нималку гајле за овој шокантен двоен стандард“.

Морган и претходно ги критикуваше Меган и Хари поради користење на нивните кралски титули во новите претприемачки потфати.

Меган, војвотката од Сасекс следниот месец ќе објави детска книга за односот на татко и син. Најавувајќи го своето дело минатиот вторник, Меган рече: The Bench започна како песна што ја напишав за мојот сопруг на Денот на таткото, еден месец по раѓањето на Арчи. Од таа песна стана оваа приказна”.

Војводата и војвотката од Сасекс сега живеат во Калифорнија со нивниот син Арчи Маунтбатен-Виндзор и го чекаат раѓањето на второто дете.

Related posts

Семејство од Кичево изгреба стан во Скопје на инстант лозот „Доме, сладок доме“

CityLife

Монтана е омилена дестинација на Бен Афлек

CityLife

„Нетфликс“ нема да емитува шпионска драма во Виетнам поради мапата на Јужното кинеско море

CityLife