Патрик Демпси го коментира враќањето во „Вовед во анатомија“

2021 04 27 dempsey ig.jpg

Патрик Демпси смета дека неговото неочекувано враќање во Grey’s Anatomy („Вовед во анатомија“) било убав начин да ја напушти серијата.

55-годишниот актер кој го глуми Дерек Шепард во хит-серијата неодамна направи неочекуван кам-бек , кога Мередит Греј (Елен Помпео) сонува дека таа и Дерек конечно ја прават својата венчавка на плажа, но Патрик навести дека нема да се врати.

„Мислам дека тоа е убав начин да ја завршам мојата улога.“

„Намерата беше да им дадеме надеж на луѓето затоа што тие двајца се толку иконски пар. Изгубивме толку многу луѓе оваа година, помислата дека имаме ангели кои лебдат околу нас и се грижат за нас е добра порака да ја испратиме во ваков мрачен свет во кој живееме,“ рече тој во интервју за „Варајети“.

„За сите нас, тоа беше прекрасен крај на оваа приказна. Мило ми е што им се допадна на фановите”.

Related posts

Анџелина Џоли: Долго време сум сама

CityLife

Дали маслиновото масло се расипува?

CityLife

Кралското семејство има доверба од граѓаните и покрај теориите на заговор, покажува анкета

CityLife