Партнерот на Бритни Спирс подготвен за брак и деца со пејачката

39-годишната пејачка, која со својот поранешен сопруг Кевин Федерлајн има два сина,Шон Престон (15) и Џејден (14), неодамна на сослушувањето во суд за случајот стрателство рече дека сака да се омажи и да има повеќе деца, а сега медиумите откриваат дека нејзиното момче Сем Асгари сериозно размислува за таа идеја.

Инсајдер за магазинот „Пипл“ изјави: „Тој е подготвен за брак и деца со Бритни и е сериозен во врската. Бритни сака да го направи тој следен чекор и да има полн живот со него“.

„Како двојка тие криеја како навистина се чувствуваат дури и од блиските луѓе затоа што беа загрижени и исплашени, но сега повеќе нема криење. “

На судското рочиште, чија цел беше да се стави крај на 13-годишното старателство и контрола на татко ѝ врз нејзиниот живот, Бритни тврдеше дека не е во можност да има деца затоа што старателите, вклучувајќи го и нејзиниот татко Џејми Спирс, ја присилиле да стави спирала за спречување на бременост.

Во меѓувреме, еден од поранешните партнери на Бритни, кој од страв од одмазда одби да го даде своето име, откри дека таа долго време копнеела за ќерка, но дека старателите ја спречувале во тоа.

Related posts

Анџелина Џоли елегантна на прошетка со својата ќерка

CityLife

Мајмун каснал човек во Хонг Конг и му пренел смртоносен вирус, лекарите се борат за неговиот живот

CityLife

Диетата 5:2 има се повеќе следбеници. Еве што мисли за неа нутриционист

CityLife