Осум секојдневни намирници со повеќе сол од вреќичка чипс

Umesto Kecapa Napravite Najbolji Sos Za Domacu Picu.jpg

Грицките станаа незаменливи. Од бисквитите што ги грицкаме со шолја млеко до пуканките што ги јадеме додека гледаме филм, изгледа како постојано нешто да грицкаме помеѓу оброците.

Крцкавите задоволства не се здрави. Освен што се масни, содржат и многу сол. Важно е да се намали внесот на сол бидејќи е поврзан со висок крвен притисок и зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Сепак, постојат намирници кои содржат повеќе сол од кесичка чипс, а можеби не сме ни свесни за тоа. Нутриционистката Соња Помбо откри за каква храна се работи.

Бисквити

Сирење

Житарки за појадок

Леб

Преработено месо

Месо од растително потекло

Преливи за салата и зачини како кечап

Готови оброци и супи од кеса

„Иако солта во храната има цел да спречи расипување и да го продолжи рокот на траење, производителите на храна не треба да додаваат сол колку што прават“, изјави Помбо за Телеграф.

 Инаку, максималната препорачана дневна граница на сол е до шест грама, што е приближно една кафена лажичка. 

Related posts

Јода ја напушти зградата на Лукасфилм во Сингапур

CityLife

Синот на принцот Хари и Меган денес полни две години, среќен роденден Арчи!

CityLife

Како да го заштитите кучето од крлежи?

CityLife