Оливија Џејд се релаксира во Мексико во цветно бикини

Голема тежина падна од нејзините раменици откако и двајцата нејзини родители ги завршија затворските казни.

И затоа не е изненадување што Оливија Џејд изгледа безгрижно за време на викендот додека го впива сонцето во Кабо Сан Лукас, Мексико.

21-годишната ѕвезда на Јутјуб ја покажа својата витка фигура во цветно бикини, додека ужива во луксузниот резорт на брегот на полуостровот Баја Калифорнија.

Инфлуенсерката која има 1,3 милиони следачи на Инстаграм, има неколку аксесоари за да го дополни својот изглед за одмор – златни нараквици и сламен каубојски шешир.

Оливија реши да се релаксира на плажа во време кога мајка ѝ Лори Логлин размислува да се пресели од Калифорнија и да го спаси бракот со Масимо Џанули откако и двајцата издржаа затворски казни поради корупција.

Актерката Лори Логлин беше два месеци во затвор поради нелегален обид да ги запише своите ќерки на колеџ. Познатата брачјна двојка ја загубија судската биткаво случајот со обвинението дека му платиле на Рик Сингер половина милион долари за да ги фалсификува спортските резултати на нивните ќерки со цел како успешни веслачки да се запишат на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Related posts

Колтон Андервуд откри дека е геј: Сè уште се навикнувам

CityLife

Во скопските кина наскоро филмот “Такси 5” за љубителите на бркотници со бесни автомобили

CityLife

(Видео) Најавена е есенска премиера на анимираната серија „Аркан“

CityLife