Овие необични симптоми укажуваат на анемија

Ispucale Usne.jpg

Недостатокот на железо во организмот е главната причина за анемија. Тоа може да доведе и до бројни други здравствени проблеми. Најчестиот знак дека имате недостаток на железо е постојан замор, но има и некои други, помалку познати показатели. Научниците немаат конкретно објаснување зошто луѓето со недостаток на железо често копнеат за работи што вообичаено не би ги јаделе. Таму може да се најдат камчиња, глина, креда, ѕид, картон…

Кршливи нокти

Слабите и кршливи нокти или нокти со линии и јами може да укажуваат на недостаток на железо. Бидејќи овие симптоми би можеле да бидат причина за некој друг здравствен проблем, најдобро би било да направите тест на крвта.

Суви усни

Луѓето со недостаток на железо може да страдаат од суви и испукани усни. Дури една третина од луѓето со недостаток на железо имаат состојба наречена аголна хелитис, која предизвикува пукање на краевите на усните.

Отечен јазик

Ова е уште еден симптом кој често се занемарува. Се нарекува и атрофичен глоситис. Кога јазикот ќе отече, вообичаените бразди на јазикот исчезнуваат и тој изгледа еднолично и меко. Може да предизвика проблеми со џвакањето, голтањето или зборувањето.

Постојана желба за мраз

Оваа состојба во медицината се нарекува пагофагија и е еден од најчестите симптоми на недостаток на железо. Не е познато како настанува желбата за мраз, но се смета дека го смирува отечениот јазик. Нема потреба да паничите ако сакате мраз – освен ако не консумирате килограм дневно.

Трнење во нозете

Синдромот на немирни нозе е состојба која се карактеризира со непријатно чувство во нозете, со неодолива потреба за движење на нозете. Пациентите го опишуваат како печење, пецкање, како инсекти да лазат во нивните нозе. Иако лекарите не се сигурни што ја предизвикува состојбата, недостатокот на железо е еден од виновниците.

Related posts

Ѓорѓе Давид не смее да ја напушти Македонија, судот му го одзеде пасошот!

CityLife

Намирници што не треба да се подгреваат во микробранова печка

CityLife

Шеќерот е неопходен, но колку всушност е доволно на ден?

CityLife