Ова е најпродаваниот парфем на светот – на секои три секунди се купува по едно шише

1594383564 Adobestock 144903692 2 2020 10 07 14 19 24 730 2

Парфемите на модната куќа „Диор“ на многумина им се омилени, а според резултатите од пазарот – еден е посебен.

Имено, „Sauvage“ парфемот од Диор, стана најпродаваниот парфем на светот, вклучувајќи ги и машките и женските мириси.

Создаден е во 2015-та година, со извонредната креација на Франсоа Демаши, кој тогаш создавал парфеми за Диор и се одлучил за живи и богати ноти на портокал и бергамот, како и прашкасти и дрвени ноти. Интензивниот и моќен мирис ги изненадија и ги освоија обожавателите ширум светот.

„Sauvage Universe“ е поделен на четири дела, кои се разликуваат по интензитетот. Сензуалниот и мистериозен Sauvage, Sauvage Eau de Toilette, Sauvage Parfum со префинет шарм и Sauvage Elixir, софистициран и силен.

Elixir е посебен по тоа што ги поместува границите на концентрацијата на парфемот во мирисот. Парфемот постигнал исклучителен успех, а нотата на свежина што ја внесува се чини дека го освои целиот свет.

Станува збор за приказна за феноменот на машкиот мирис на Диор, кој за првпат во 2021-ва година успеал да ја освои титулата најпродаван парфем во светот.

Досега првото место без исклучок во историјата на парфемите отсекогаш го заземале женските мириси.

Неговата победничка позиција значи дека во 2021-ва година на секои три секунди се продавало по едно шише парфем Dior Sauvage. Dior Sauvage, исто така, ја отворил вратата за новата генерација на парфеми на Dior, следејќи одржлив пат.

Related posts

5 бикини изданија од Анастасија Ражнатовиќ

CityLife

Најсекси водителката од временска прогноза ги распамети мажите (Фото)

CityLife

Руски инфуенсер ја врзал својата девојка за покривот на автомобилот и ја возел низ градот

CityLife