Нов филм за Ејми Вајнхаус одбележува 10 години од смртта на пејачката

Новиот документарец за Ејми Вајнхаус, во кој нејзината мајка ќе сподели детали за животот на покојната ќерка, ќе биде објавен во јули, со што ќе се одбележат 10 години од смртта на британската пејачка која почина на 27-годишна возраст.

Документарниот филм Amy Winehouse: 10 Years On, нарачан од британските „Би-би-си Два“ и „Би-би-си мјузик“, ќе биде раскажен преку наративот на мајката на пејачката која има мултиплекс склероза и сака да ги сподели своите спомени, соопшти телевизијата.

Истиот извор ја опишува мајката како „личност блиска до Ејми од која допрва треба да слушнеме многу работи и чија верзија на настаните честопати се разликува од сториите што ни беа кажани претходно“.

Во филмот, мајката на Ејми, Џенис Вајнхаус, ќе ја раскаже нејзината страна од приказната.

„Мислам дека светот не ја познаваше вистинската Ејми, онаа што ја воспитав, и се радувам на можноста да понудам подлабок увид во вистинската Ејми и разбирање за нејзините корени “, рече Џенис Вајнхаус во средата.

Вајнхаус, добитничка на Греми-награда, почина од труење со алкохол во нејзината куќа во Лондон во јули 2011 година. Во поголемиот дел од својата кариера, таа се бореше со зависност од алкохол и дрога.

Во документарецот ќе бидат прикажани досега необјавени фотографии и снимки од приватната архива на Ејми и нејзиното семејството, а исто така и од архивата на „Би-би-си“.

Related posts

Џеј Лено им се извини на азиските Американци за „погрешните шеги“

CityLife

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук на патување во Италија

CityLife

Тејлор Свифт објасни зошто нема фотографии од нјзината мачка: Mногу e приватна

CityLife