На 12 и 13 септември ВМ Класик Рели – Запад

Oldtajmeri.jpg

На 12 и 13 септември ќе се одржи ВМ Класик Рели – Запад, вториот натпревар од Државното првенство во рели на прецизност со историски возила, како и Ретрокана 2 – натпревар во спретно возење со историски возила.

Натпреварот ќе започне од Скопје, од сквер Јадран, од каде учесниците ќе тргнат на првата етапа, која ќе заврши во Фалише, Тетово. Втората етапа ќе заврши во Дебар, а натпреварувачкиот дел од релито ќе финишира во Вевчани, каде ќе биде организирана изложба на историски возила за посетителите.

По завршувањето на изложбата, учесниците ќе се упатат кон Струга, каде Хотел Ембла и оваа година ќе биде домаќин на релито. Во хотелот ќе се одржи свеченото прогласување на најуспешните натпреварувачи и доделувањето на наградите.

Вториот ден од манифестацијата учесниците ќе се упатат кон Јегуновце, каде ќе се одржи Ретрокана 2 – натпревар во спретно возење со историски возила, кој ќе го заокружи овогодишното издание на ВМ Класик Рели – Запад.

Related posts

Зеленчук што го зајакнува имунитетот и ја подобрува работата на срцето

CityLife

Овие седум чаеви се најкорисни за слабеење

CityLife

Групна тужба против Мета во САД: Социјалните мрежи опасни по здравјето на децата

CityLife