Моќен напиток кој го намалува холестеролот

Detoks Limon.jpg

Магдоносот содржи две групи на специјални состојки, многу важни за здравјето.

Магдоносот во секојдневната подготовка на храната е исклучителен сојузник на здравјето, а на јадењата им се додава како ситно дополнување главно поради вкусот. Меѓутоа, со тоа правиме многу и за нашето здравје.

Магдоносот содржи две групи специјални состојки, многу важни за здравјето. Во првата група се состојките – природни етерични масла, а во другата спаѓаат – флавоноидите. Покрај нив, магдоносот исто така е богат и со витамините Ц, А и К, па се препорачува да се консумира во сезоните на грип и настинки. Направете го овој едноставен напиток со кој брзо ќе го намалите холестеролот.

Состојки: 1,5 литар вода, 3 китки магднос, 1 кг лимон, сода бикарбона

Подготовка:

Лимоновата кора добро измијте ја со сода бикарбона за се отстранат пестицидите и нечистотијата. Водата зовријте ја и оставете ја да се олади. Во поголем сад исецкајте го на кришки лимонот, а магдоносот исецкајте го ситно и прелијте ги со оладената вода. Затворете го садот и ставете го во фрижидер да отстои еден ден. На крај изблендирајте ја смесата со рачен блендер и секојдневно консумирајте по 100 мл од добиениот напиток.

Related posts

Зак Снајдер подготвен за продолжение на „Армија на мртвите“

CityLife

Јануари 2024 година најтоплиот во историјата на мерењето на температурата

CityLife

Жешки тркала: На продажба автомобилот кој принцот Чарлс ѝ го подарил на Дијана

CityLife