Метју Пери го продаде раскошниот пентхаус во Лос Анџелес

Matthew perry.jpg

По бројните намалувања на цената, актерот Метју Пери конечно го продаде својот раскошен пентхаус за 21,6 милиони долари.

Продажбата на резиденцијата, наречена „палата на небото“, претставува најскапа продажба на апартман во јужна Калифорнија во последните шест години, наведува „Лос Анџелес тајмс“.

 

Преземајќи го целиот 40. кат на високиот станбен комплекс Century Tower во Лос Анџелес, импресивниот имот може да се пофали со четири спални соби, шест бањи, и секако неспоредлив поглед кон градот.

Од дневната соба до бањата, секој сантиметар од апартманот е неверојатен призор.

 

Related posts

Метју Пери ја раскина свршувачката со Моли Хурвиц

CityLife

Што не смее да правите во годината на Дрвениот змеј

CityLife

Невеста од Англија само за торта платила 13 илјади фунти, а за да се направи, биле потребни речиси три месеци

CityLife