Метју Меконахи имал осум години кога сакал да стане татко

Метју Меконахи знаел дека сака да стане татко уште на осумгодишна возраст бидејќи сметал дека тоа е најголем успех.

51-годишниот актер откри дека кога бил дете, татко му секогаш го терал да се обраќа на луѓето со „господин“ или „мадам“. Метју мислел дека причината што морал да ги користи овие термини кога им се обраќа на возрасните е затоа што тие биле родители.

„Имав осум години кога сфатив дека сакам да станам татко,“ открива Метју. Се сеќавам и зошто. Татко ми секогаш беше опкружен со ‘господа’ и ‘госпоѓи’ кои секогаш велеа ‘ве молам’ и ‘благодарам’.“

„Се ракував со многу од неговите пријатели, но во тоа време во мојот осумгодишен ум, она што ми поминуваше низ главата беше дека заедничкиот именител за сите овие мажи на кои им велам господин е дека тие се татковци. Затоа се господа.”

И sвездата на Dallas Byers Club („Клуб на купувачи од Далас“), татко на Леви (12), Вида (11) и Ливингстон (осум) кои ги има со сопругата Камила Алвеш, знаел дека да стане татко би значело дека тој „успеал“.

Related posts

Германец бил вакциниран против корона 217 пати

CityLife

И азискиот слон ги закопува своите угинати младенчиња

CityLife

Сликата на Битлси направена во Јапонија е продадена за 1,74 милиони долари

CityLife