Медисон Марш една поинаква Мис на Америка

O 1899708 1024.jpg

Медисон Марш е официјална Мис Америка 2024. Убавицата од Колорадо влезе во историјата како првата активна офицерка на воздухопловните сили која се натпреварувала за титулата и ја освоила.

Поручничка на воздухопловните сили и дипломиран правник на Харвард победи 50 други натпреварувачки за да го освои првото место на изборот за убавина што се одржа во Флорида.

Таа е првата активна офицерка од која било гранка на војската што ја претставува Организацијата Мис Америка на национално ниво.

Иако призна дека не знае да танцува и пее, Марш одржа говор во кој го опиша својот прв соло лет на 16-годишна возраст. Таа рече дека тоа и помогнало да ги развие и зајакне своите лидерски вештини.

Таа нагласи дека ќе продолжи да ја користи својата платформа за да разговара со младите девојки за служењето во војска и да ги разбие стереотипите за жените во војската.

Таа исто така изјавила дека сака да ја подигне свеста и да започне истражување за ракот, со оглед на тоа што нејзината мајка починала од рак на панкреасот.

Related posts

Четири хороскопски знаци кои брзо губат интерес

CityLife

Меги Мерилин предлага прекрасни летни креации со балон-ракави

CityLife

Аријана Гранде откри фотографии од тајната венчавка со Далтон Гомез

CityLife