Меги Мерилин предлага прекрасни летни креации со балон-ракави

Фустаните се враќаат во полн сјај и раскош и ги красат романтични, ретро елементи, а кројот е инспириран од дворските стилови и барокот, но сè заедно изгледа префинето и едноставно.

Модна дизајнерка која работи под уметничко име Меги Мерилин понуди интересна палета на хит фустани на австралиската модна недела.

Креациите се идеални за таканаречениот парти-стил или за одење на забава, дневна или ноќна, особено оние со сјајни ткаенини.

Фустаните се претежно миди и макси должини, а австралиската креаторка ги предлага со минималистички, еднобојни сандали.

 

Лесни природни материјали и балон-ракави, инспирирани од викторијанските дами, се дел од новата колекција.

Related posts

Де Ниро на свечен ручек во чест на „Трибека“

CityLife

Погребан Роберто Кавали: Последниот помен ги собра неговите поранешни сопруги и сите деца

CityLife

Хелен Мирен сама избрка мечка од својот имот во Невада

CityLife