Мачка одела со планинари до врвот на планина во Швајцарија

Храбрата мачка наводно исчезнала пред неколку дена, но всушност по трет пат се упатила кон врвот на планината, и на ист начин ги следела претходните групи планинари.

Двајца млади планинари, Сирил и Ерик Рорер, се искачувале кон врвот на завеаната планина Бритсен во Швајцарија, кога на надморска височина од околу 1,200 метри слушнале мјаукање и сфатиле дека има една изгубена мачка.

Изгледало дека залутала и случајно завршила на снежните падини на планината, пишува „Дејли мејл“. Сирил и Ерик подоцна дознале дека мачката исчезнала пред неколку дена и дека ова е трет пат да се упати кон врвот на планината, следејќи ги претходните групи планинари на ист начин.

„Беше 4:30 часот наутро, достигнавме 1200 метри надморска височина, кога слушнавме мјаукање од шумата. Видовме исплашена и збунета мачка која ни се придружи и се искачи со нас на врвот од 3000 метри,“ рекоа младите планинари.

„Таа трепереше, а шепите ѝ крвареа од одење по тврдиот и заледен снег. Одлучивме да ја земеме со нас. Честопати ја носевме во раце кога ќе забележавме дека е премногу истоштена за да продолжи да оди по угорницата.“

Друга група планинари, кои ги престигнале на искачувањето кон врвот, ја вратиле во низините и им ја предале на сопствениците.

„Подоцна дознавме дека таа исчезнала пред четири дена и ги следела останатите планинари до самиот врв. Значи, таа го достигнала врвот три пати!“ рече Сирил, додавајќи дека животните се многу пожилави од луѓето и никогаш не се предаваат, и покрај болката.

Related posts

Синот на принцот Хари и Меган денес полни две години, среќен роденден Арчи!

CityLife

(Видео) Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ доби трејлер и датум на премиера на „Дизни плус“

CityLife

Ѓоковиќ го продаде луксузниот стан во Мајами за шест милиони долари

CityLife