Македонците се послаби од европејците – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Debelna.webp.webp

Во 2025 година, 16,3% од луѓето во Европската Унија на возраст над 18 години биле дебели, што значи дека имале индекс на телесна маса од 30 или повисок. Дополнителни 35,4% биле со индекс на телесна маса помеѓу 25 и 30. Генерално, повеќе од половина од населението на ЕУ било со прекумерна тежина, покажуваат податоците на Евростат.

Мажите во ЕУ се подебели од жените. Стапката на дебелина кај мажите е 17,4%, а кај жените 15,3%. Дополнително, 41,9% од мажите биле со прекумерна тежина, во споредба со 29,3% од жените. 

Најмногу дебели луѓе има во Малта, каде што повеќе од една четвртина од населението е со прекумерна тежина. Следуваат Литванија (24,6%) и Финска (23,2%). Најмалку дебели има во Италија (7,0%), Грција (12,8%) и Романија (12,9%).

Последниот податок на Евростат за Македонија е од 2022 година и вели дека дебели биле 15,4 % од македонскиет граѓани.

Related posts

Град што не постои на Google Maps: Тајно засолниште на богаташите за кое малку се знае

CityLife

Дали сте слушнале за антиинфламаторна диета? Лекарка ги објаснува предностите на оваа диета

CityLife

Шест хороскопски знаци кои секогаш се сомневаат во својот партнер

CityLife