Македонска промоција на двата најнови албума на Влатко Стефановски утре во Скопје

Vlatko stefanovski foto.webp.webp

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски утре во Скопје ќе ги претстави своите две најнови албумски остварувања – Guitar Sings, инструментален албум, и Muscle Memory, нов студиски проект, во организација на дискографската куќа „Кроација рекордс“.

На промоцијата, која ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“ со почеток во 12 часот, Стефановски ќе зборува за креативниот процес, инспирацијата зад албумите, како и за своите тековни и идни музички планови.

Скопската промоција следува по нивното неодамнешно претставување во Сплит во пресрет на доделувањето на престижната музичка награда „Порин“.

Како еден од најистакнатите гитаристи и автори на регионалната музичка сцена, Влатко Стефановски неодамна беше одликуван во Хрватска со наградата „Порин“ за животно дело (Porin Special Merit Award) како признание за неговиот особен придонес кон хрватската музика.

На настанот ќе присуствуваат и претставници на „Кроација рекордс“ од Загреб – уредничката Клаудија Чулар и извршната директорка Маја Видмар-Клариќ.

Related posts

Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат

CityLife

Британскиот пејач и текстописец Талај Рајли избоден до смрт во Лондон

CityLife

Почина актерот Кларенс Вилијамс Трети

CityLife