Мадона го бодри синот фудбалер заедно со својот многу помлад љубовник

Мадона не е обична мајка, таа е кул мајка.

62-годишната поп-кралица беше забележана како навива за својот 15-годишен син Дејвид на фудбалски натпревар изминатиот викенд, во друштво со своето 27-годишно момче „играчка“, како што го нарекуваат таблоидите, Ахламалик Вилијамс.

Двајцата се држеа за рака на маргините на младинскиот спортски настан во Лос Анџелес во неделата.

Младата фудбалска надеж Дејвид имаше доста навивачи покрај Мадона и нејзиниот партнер, бидејќи им се придружија многу пријатели и членови на семејство, вклучувајќи ја и 15-годишната сестра Мерси Џејмс.

Најмалите деца на Мадона – осумгодишните близначки Стела и Естер – исто така беа присутни и ја покажаа својата поддршка за нивниот постар брат.

Ахламалик веќе е дел од семејството, и по мечот го прегрна Дејвид.

Related posts

Тина Тарнер и Џеј Зи ќе влезат во храмот на рок музиката

CityLife

Петте најчести знаци на недостиг на витамини кои е важно да се забележат навреме

CityLife

Три магични намирници за вашето срце

CityLife