Магична свадба на зајдисонце: Гвен Стефани и Блејк Шелтон

Официјално е! Поп-ѕвездата Гвен Стефани и кантри-ѕвездата Блејк Шелтон изгледаат среќно вљубени додека позираат на зајдисонце по врзувањето на јазолот на интимна венчавка во неделата, 4 јули.

Поп-ѕвездата (51) заблеска во шик комбинација – корсет и балско здолниште од тил, креација на Вера Ванг, на церемонијата на ранчот на кантри-пејачот во Оклахома.

Според „Пипл“, на превезот на невестата рачно извезени се имињата на Гвен и Блејк, како и имињата на нејзините синови Кингстон Џејмс Мекгрегор (15), Зума Неста Рок (12) и Аполо Боуви Флин (7).

Втората венчаница на Гвен е кратка варијанта од долгата верзија – свилен креп во комбинација со каубојски чизми од Ле Сила и пократок превез украсен со цветни апликации.

На една од фотографиите од венчавката споделени на „Инстаграм“ во понеделникот Стефани и Шелтон се бакнуваат пред прекрасната торта.

Related posts

Цртеж од Да Винчи се продаде за рекордни 8,8 милиони фунти на аукција

CityLife

Метју Меконахи сериозно размислува за политичка кариера

CityLife

Доаѓа Свети Валентајн-дознајте како се слави во светот

citylogin