Луцифер се враќа за второто полувреме на петтата сезона

Луцифер ќе се врати во мај за втората половина на Сезона 5, како што најави стриминг-платформата „Нетфликс“ на официјаланиот твитер на серијата, соопштувајќи го датумот на премиерата.

„Знаеме дека повеќе епизоди се она што навистина ги посакувате. Сезоната 5Б пристигнува на Нетфликс на 28-ми мај “, сподели неодамна официјалниот Твитер на „Луцифер Нетфликс“.

Серијата, која првично се емитуваше на „Фокс“ три сезони пред да дојде во „Нетфликс“, се фокусира околу ликот на Луцифер Морнингстар (Том Елис) на кој му е здосадено да биде Крал на Пеколот и го напушта својот трон и неговото кралство за да ги открие убавините на Лос Анџелес , каде води свој ноќен клуб а во исто време соработува со тамошната полиција во борбата против криминалот, каде ѝ помага на детективката Клои Декер (Лорен Герман).

Во петтата сезона влоговите се поголеми од кога било. Ќе cе се откријат тајни, саканите ликови ќе умрат и конечно ќе следува расплет.

Луцифер се врати за првото полувреме на петтата сезона во август и ќе заврши со претстојната шеста сезона, откако Елис потпиша договор за враќање како титуларен лик уште во мај 2020 година.

Луцифер е доста добро доловен од страна на Том Елис, кој донесе свежина во веќе постоечките серии во етерот.

Related posts

Џо Бајден ќе пие чај кај кралицата

CityLife

Кралското семејство и премиерот Џонсон во поддршка на Англија пред вечерашното полуфинале

CityLife

Во најава нова љубовна двојка: Канје Вест и Ирина Шајк

CityLife