Лондон: Заразувањето со коронавирус е три пати помало меѓу вакцинираните

Целосно вакцинираните лица во Англија имаат три пати помала веројатност да бидат позитивни на Ковид-19 отколку невакцинираните, наведува најновото британско истражување, објавено денеска.

Истражувањето го спровеле научниците од Кралскиот колеџ во Лондон, меѓу 98.233 тестови за коронавирус, во перидоот од 24 јуни до 12 јули.

Вкупно 0,63 проценти од тестовите биле позитивни (или 1 на 158), при што процентот на позитивни кај невакцинираните изнесува 1,21 проценти и кај целосно вакцинираните 0,4 проценти.

Истражувањето, исто така, посочува дека резултатите покажуваат дека вакцинираните луѓе имаат помала веројатност да го пренесат вирусот од вакцинираните луѓе, бидејќи количеството на вирусот во нивното тело е помала.

Меѓутоа, некои британски функционери и научници повикуваат на внимателност откако владата на 19 јули ги олесни сите рестриктивни мерки, вклучувајќи го и укинувањето на задолжителното носење маски во одредени затворени простории.

Документ на американската Влада што „протече“ минатата недела предупредува дека инфекциите кај целосно вакцинираните луѓе не се толку ретки како што се мислеше и дека вакцинираните луѓе лесно можат да го пренесат вирусот.

Пол Елиот, професор во Одделот за јавно здравје на Империјалниот колеџ и директор за истражување, вели дека резултатите „ги потврдуваат нашите претходни податоци што покажуваат дека двојната доза на вакцината обезбедува добра заштита од инфекција“.

-Меѓутоа, исто така, ние можеме да видиме дека се уште постои ризик од инфекција, бидејќи ниту една вакцина не е 100-процентно ефикасна, и знаеме дека некои луѓе со двојна вакцинација се уште можат да го добијат вирусот, рече тој.

„Значи, дури и со олеснување на ограничувањата, сепак, треба да дејствуваме со претпазливост за да се заштитиме едни со други и да ја спречиме стапката на инфекции“, додаде тој.

По олабавувањето на мерките дојде до намалување на бројот на дневни случаи на заразени, регистрирани од Министерството за здравство на Обединетото Кралство.

Овој тренд ги изненади експертите кои предвидоа големо зголемување на бројот на заразени.

Related posts

Пиењето вода со мраз е штетно за човековото тело

CityLife

Луѓето не можат да се вратат на нормален живот по прележан корона вирус

CityLife

Зошто хидратацијата на телото е неопходна и како да се постигне?

CityLife