Ким Кардашијан негира дека купила древна скулптура во 2016 година

Ким Кардашијан Вест негираше какво било знаење за античка римска скулптура која била увезена под нејзино име во 2016 година.

Скулптурата – позната како Фрагмент од Мироновата Атeна – била дел од пратка вредна 750,000 долари, која што била запленета од американски царински службеници бидејќи била украдена, шверцувана и нелегално извезена од Италија.

Уметничкото дело датира од првиот век и било увезено во Лос Анџелес во 2016 година под името на Ким.

Нејзин портпарол изјави: „Ким никогаш не го купила ова парче и сега првпат дознава за неговото постоење.“

„Веруваме дека можеби е купено со нејзино име без одобрение и затоа што никогаш го нема добиено, таа не била свесна за трансакцијата. Ние охрабруваме истрага и се надеваме дека ќе им се врати на вистинските сопственици.“

Кога царински службеници го испитуваа „Ноел Робертс траст“ – колективно име за фондот Freeman Group, Inc. & Kim Kardashian – тие покажаа сметкопотврда за статуа купена во Париз во 2012 година.

Related posts

Пoчина познатиот српски пејач Предраг Живковиќ Тозовац

CityLife

(Видео) Излезе првиот трејлер на „Sвездени патеки: Пикард“ сезона 2

CityLife

Се снима ново продолжение на Бриџит Џонс, една од главните ѕвезди нема да биде таму

CityLife