Кајли Џенер и Тревис Скот на роденденски викенд во Мајами

1620124375 Unnamed File.jpg

Кајли Џенер и Тревис Скот продолжуваат да ги подгреваат шпекулаиите за помирување кога беа забележани како се качуваат на нејзиниот приватен авион во неделата попладне, откако го поминаа викендот во Мајами, каде што го прославија неговиот роденден.

По забавниот викенд, реалити-ѕвездата (23) и 29-годишниот рапер се качија на истиот лет.

Папараците ја забележаа Кајли додека се качува по скалите на авионот во лежерна спортска комбинација. Могулот за козметика на себе има лабава црна качулка, истобојни хеланки и бели тениски патики.

Тревис, таткото на нејзината тригодишна ќерка Сторми Вебстер, носи црна бејзбол капа, сива маица и бели патики.

Најмладата во семејството Кардашијан-Џенер го документира своето патување на нејзината инстаграм-приказна, на која се гледа бело ќебе „Хермес“ на нејзиното седиште.

Related posts

Четири здравствени придобивки од редовното консумирање авокадо

CityLife

Аријана Гранде донира 1 милион долари за онлајн терапија

CityLife

Не секоја лоша детска навика треба да се занемари

CityLife