Иран го лансираше во орбитата сателитот „Сораја“

20240120122552 Big 730x400 5.webp.webp

Иран, користејќи трифазна ракета, денеска успешно го лансираше својот сателит „Сораја“, што треба да орбитрира на 750 километри над површината на земјата, јави денеска државната агенција ИРНА.

Американските медиуми пренесуваат дека лансирањето е дел од вселенската програма на Иранската револуционерна гарда, како цивилна вселенска програма, додавајќи дека нема независна потврда дека сателитот бил успешно лансиран во орбитата.

Западот стравува дека развојот на ракети за лансирање сателити би можел, според извештајот на американската разузнавачка заедница за глобалните закани во 2023 година, „да го скрати времето“ што му е потребно на Иран да развие интерконтинентална балистичка ракета, бидејќи користи слична технологија.

САД претходно оценија дека лансирањето на сателитот на Иран е спротивно на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и го повикаа Техеран да не презема никакви активности кои вклучуваат балистички ракети способни да испорачуваат нуклеарно оружје.

Санкциите на ОН поврзани со иранската програма за балистички проектили истекоа во октомври минатата година.

Related posts

Нова чизкејк-торта прелиена со тоблероне-чоколадо

CityLife

Еве кои зачински билки можете лесно да ги одгледувате во вашиот дом

CityLife

Семејство од Скопје нуди награда од 2.500 евра за оној кој ќе најде папагалот Шер

CityLife