Зошто секое дете треба да поминува време во игротека?

Img 1329.jpeg

Игротеките не се само место за забава – тие се простор каде децата учат, се развиваат, стекнуваат нови пријателства и ја трошат својата енергија на здрав и активен начин. Преку играта тие ја развиваат координацијата, моториката, комуникацијата и самодовербата, додека истовремено учат да соработуваат и да ги почитуваат правилата.

Во време кога децата сè повеќе време поминуваат пред екрани, престојот во игротека е одличен начин да бидат физички активни, да ја поттикнат својата креативност и да создадат незаборавни спомени.

Токму затоа Family Play Park и Family Cafe, сместени во Џевахир Мол во Аеродром, претставуваат идеално место за целото семејство.

На повеќе од 1.500 квадратни метри, Family Play Park нуди содржини за различни возрасти. Најмалите, од 2 до 5 години, имаат посебно уреден простор со песок и безбедни реквизити за игра. За повозрасните деца следува вистинска авантура во модерната софт игротека, со бројни полигони, тобогани, лавиринти и препреки кои поттикнуваат движење и активна игра.

Љубителите на спортот можат да уживаат на фудбалското игралиште, наменето за деца од 10 до 15 години, каде преку спорт и дружење ја развиваат тимската игра и спортскиот дух.

Додека најмалите безгрижно се забавуваат под надзор во безбедна и климатизирана средина, родителите можат да се релаксираат во Family Cafe, да уживаат во ароматично кафе, освежителни пијалаци или вкусно лате, знаејќи дека нивните деца се во сигурни раце.

Family Play Park не е само игротека – тоа е место каде се создаваат насмевки, нови пријателства и семејни спомени. Без разлика дали станува збор за неколку часа игра, викенд дружење или прослава на роденден, секоја посета е исполнета со забава, смеа и незаборавни моменти за целото семејство.

ПР текст

Related posts

Дневен хороскоп за 15 мај 2026 година

CityLife

Шест намирници кои го поддржуваат имунолошкиот систем и треба често да ги јадеме

CityLife

Сѐ е подготвено за Саемот на мебел 2024 година, од утре започнуваат деновите на големи саемски попусти и одлични понуди – посети го Саемот и „Освежи го својот дом“

CityLife