За Џорџ Клуни животот бил празен пред да ја запознае својата сопруга

Џорџ Клуни вели дека неговиот живот бил празен пред да ја запознае сопругата Амал Клуни.

Sвездата на „Полноќно небо“ се ожени со познатата адвокатка и борец за човекови права во 2014 година и имаат тригодишни близнаци Ела и Александар.

Актерот не сфатил дека нешто му недостасува во животот сè додека не ја запознал Амал.

„Има луѓе чија цел е: Морам да имам деца! Мојaта не беше. Јас не размислував така и си велев: Мојот живот ќе биде неисполнет без деца. Се чувствував како да имам прилично исполнет живот.“

„Тогаш ја запознав Амал и сфатив дека мојот живот е прилично празен. И кога станав татко на овие две деца, тогаш одеднаш сфатив колку било неверојатно празно,“ рече тој во „Тудеј шоу“ на Ен-би-си.

 

Џорџ призна дека татковството му го направило животот исполнет, додавајќи дека децата му дале сè што Холивуд не можел.

Говорејќи како гостин во утринската програма на Ен-би-си, тој рече: „Чувство на припадност и чувство на дом и безусловна љубов – сите работи за кои сте се надевале дека ќе ги добиете од добра кариера и куче. Сфаќате дека ова е многу повеќе од тоа.“

Related posts

Женственост со доза лежерност – Емили Ратајковски

CityLife

Дело на Ван Гог продадено за над 4,5 милиони евра

CityLife

„Тесла“ заработила 4,4 милијарди долари од 2018 до 2022 година, а не плаќале федерални даноци

CityLife