Елен Деџенерис најави крај на своето шоу по 19 години во етерот

118480106 ellenpa.jpg

Елен Деџенерис ќе стави крај на своето долгогодишно ток-шоу во 2022 година, по 19 години во етерот.

„Колку и да е одлична оваа емисија, и колку и да е забавна, едноставно повеќе не е предизвик“, изјави таа за „Холивуд репортер“.

Најавата доаѓа само неколку месеци откако шоуто се соочи со обвинувања за токсична работна атмосфера. Ваквите наводи доведоа до откази на тројца главни продуценти, а Деџенерис ја отвори новата сезона со јавно извинување.

Шоуто на Елен Деџенерис, кое се емитува од септември 2003 година, ќе заврши во 2022 година по 19-тата сезона.

Секојдневна комбинација од комедија, интервјуа и интересни приказни на луѓе е главна тема на телевизиското шоу, иако гледаноста опаѓа во последниве години.

Related posts

Гугл ќе избрише милијарди податоци од пребарување во рамки на судска спогодба

CityLife

Речиси четвртина од децата на возраст од 10 и 11 години во Англија се со зголемена телесна тежина

CityLife

(Видео) Италија победи на Евровизија

CityLife