Евросонг доби зелено светло за 3.500 луѓе во публика

Xxl.jpg

Холандската влада ќе дозволи 3.500 фанови да присуствуваат на изборот на песна на Евровизија.

Годишната музичка екстраваганца ќе се одржи во ротердамската Ахој арена во мај, откако беше откажана минатата година.

Според планот, местото ќе било полуполно и на фановите ќе им треба негативен тест за Ковид-19, пред да им биде дозволен влез.

Организаторите на Евровизија ја поздравија одлукатана холандската влада  и рекоа дека „ќе ги разгледаат опциите што се сега достапни“.

„Ќе објавиме повеќе детали во следните недели за тоа како можеме безбедно да ја примиме публиката во Ахој во Ротердам, доколку ситуацијата дозволи“.

Related posts

Лил Вејн даде 15.4 милиони долари за импресивна палата во Хидн Хилс

CityLife

Нов тренд: Цвеќиња во вода

CityLife

Амброзио беспрекорна во спортско издание само неколку дена откако наполни 40 години

CityLife