Евросонг доби зелено светло за 3.500 луѓе во публика

Холандската влада ќе дозволи 3.500 фанови да присуствуваат на изборот на песна на Евровизија.

Годишната музичка екстраваганца ќе се одржи во ротердамската Ахој арена во мај, откако беше откажана минатата година.

Според планот, местото ќе било полуполно и на фановите ќе им треба негативен тест за Ковид-19, пред да им биде дозволен влез.

Организаторите на Евровизија ја поздравија одлукатана холандската влада  и рекоа дека „ќе ги разгледаат опциите што се сега достапни“.

„Ќе објавиме повеќе детали во следните недели за тоа како можеме безбедно да ја примиме публиката во Ахој во Ротердам, доколку ситуацијата дозволи“.

Related posts

Водата со ѓумбир ги чисти токсините од телото

CityLife

Kолку навистина дебелеат пивото, виното и жестоките пијалоци?

CityLife

„Кис“ ги продаде своите авторски права за над 300 милиони долари

CityLife